недела, 27 октомври 2013, 21:12

Европа

Европскиот суд на правдата го поддржа германскиот закон за Фолксваген

Контроверзниот закон кој што ја штити германската компанија Фолксваген од преземање од страна на странска фирма не ги криши европските прописи за заштита на конкуренцијата, соопштија вчера од судот на правдата

Европската комисија во 2011 година ја тужеше Германија пред Врховниот суд на ЕУ поради непочитување на пресудата од 2007 година затоа што не го укинала прописот кој што ги штити државните интереси во германскиот автомобилски концерн Фолксваген, пренесува Франспрес.

Според вчерашната одлука на судот, Германија ги исполнила обврските од пресудата што се однесуваат на Фолксваген.

Спорниот закон потекнува од 1960 година кога овој произведувач на автомобили од државна компанија е реогрганизиран во акционерско друштво, а според законот ниту еден од акционерите, без оглед на уделот што го има во компанијата, не може да има повеќе од 20 отсто гласови при одлучувањето.

На тој начин, Германија добила специјална контрола над компанијата, при што 20 отсто од акциите отишле во рацете на сојузната влада и северо-западната германска покраина Долна Саксонија, пренесува ТАНЈУГ.

 

сподели на пинг
Веста е прочитана: 521
  Powered by Dejan Jovanovski